правда

Објавена листата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени

19.04.2023 17:32

Во телото ќе бидат поранешните претседатели на Уставниот суд Сали Мурати и Бранко Наумовски, поранешната судијка во судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, како и професорите Бајрам Положани, Јетон Шасивари, Ана Чупеска, Елена Михајлова – Стратилати, Беса Арифи, Јагода Митревска и Марија Пандевска...

Министерството за правда ги откри имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставните измени. Во телото ќе бидат поранешните претседатели на Уставниот суд Сали Мурати и Бранко Наумовски, поранешната судијка во судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, како и професорите Бајрам Положани, Јетон Шасивари, Ана Чупеска, Елена Михајлова – Стратилати, Беса Арифи, Јагода Митревска и Марија Пандевска.

Премиерот Ковачевски ја повика опозицијата сите предлози да ги презентира во комисијата. Не помина идејата на експратеникот Александар Спасеновски да се бара креативно решение за да пројдат уставните измени, како на пример, промена на државниот грб.