Тиквица - здрава, летна намирница
Јадењето тиквички носи бројни позитивни ефекти врз здравјето меѓу кои и губењето на тежината...

Тиквичките содржат голем процент на вода и растителни влакна. Јадењето тиквички носи бројни позитивни ефекти врз здравјето меѓу кои и губењето на тежината. Редовното консумирање тиквички може да ни помогне да изгубиме тежина.
Тиквичките се богати со антиоксиданси, тие се корисни растителни соединенија кои помагаат да се заштити телото од оштетување на слободните радикали. Содржат добар процент на минерали значајни за срцето, како што се калиумот и магнезиумот.
Богати се со вода и имаат ниска калорична густина, што ни помага да се чувствуваме сити. Исто така ја подобруваат дигестијата. Тиквичките се особено корисни за дијабетичарите и затоа е препорачливо често да бидат застапени на менито. Позитивно влијаат врз регулирање на мастите и шеќерот во крвта.
Достапни се преку целата година, но со најдобар квалитет се кога им е сезона, од крајот на мај па се до август.
