Култура

Премиера на документарниот филм „Јанѕа“

19.04.2023 19:21

Вечерва во кино „Милениум“, премиера на долгометражниот документарен филм „Јанѕа“, посветен на Блаже Конески, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик...

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“ според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, во режија на Никола Калајџиски.

„Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески.