Македонија

Ковачевски денеска во работна посета на Австрија

20.04.2023 09:25

Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер...

Ковачевски во Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе биде во работна посета на Виена, Австрија.

Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер.

По завршувањето на средбата, Премиерот Ковачевски и канцеларот Карл Нехамер ќе одржат заедничка прес-конференција.