Филм
Почнува петтото издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“
20.04.2023 09:47
13 Македонски филмови ќе бидат прикажани во рамките на петтото издание на ревијата на македонски филмови...

13 Македонски филмови ќе бидат прикажани во рамките на петтото издание на ревијата на македонски филмови, што ќе се одржува од денеска до сабота во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар и во Кинотеката. Филмовите се од минатогодишната продукција, три долгометражни, три документарни и седум краткометражни.
Ревијата е во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија.