Жарко Ристоски ја одбрани титулата во катарскиот одбојкарски шампионат
Во двегодишниот престој во Доха, Ристоски со екипата на Ал Рајан успеа да освои пет пехари. Пред извесно време тој успеа да го освои и трофејот на Западно-азискиот Куп...

Македонскиот одбојкарски стручњак, Жарко Ристоски, ја одбрани титулата во катарскиот одбојкарски шампионат и оваа сезона. Како предводник на Ал Рајан, Ристоски стана шампион на Катар откако во диналениот меч со екипата на Ал Араби славеше со убедливи 3:0 и успеа да го подигне шампионскиот пехар и оваа година.
Во двегодишниот престој во Доха, Ристоски со екипата на Ал Рајан успеа да освои пет пехари. Пред извесно време тој успеа да го освои и трофејот на Западно-азискиот Куп.
Претходно минатата сезона со Ал Рајан ги освои Арапскиот тимски шампионат, како и пехарите наменети за најдобриот тим во Катарското првенство и катарскиот Куп за 2022 година.
