Театарски фестивал „РУТА“

Драмски театар на фестивал во Подгорица

20.04.2023 11:03

Вечерва во Подгорица, во рамките на црногорското издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“, Драмски театар од Скопје во Градското позориште во Подгорица ќе ја изведе претставата „Мојот маж“...

Вечерва во Подгорица, во рамките на црногорското издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“, Драмски театар од Скопје во Градското позориште во Подгорица ќе ја изведе претставата „Мојот маж“.

Фестивалот е во организација на Градското позориште во Подгорица и ќе се одржува до 24-ти април.

Како што е наведено во соопштението на Драмски театар, претставата „Мојот маж“ е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози. Режисер е Нела Витошевиќ која го прави и изборот на музиката, а драматург Викторија Рангелова – Петровска. Костимографијата во претставата е на Роза Трајчевска-Ристоска, како сценограф се јавува Константин Трпеноски а асистент сценограф е Моника Ангелевска.

Во претставата играат актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

Со претставата „Мојот маж“, во рамки на фестивалот „РУТА“ во 2022 година, драмски театар се претстави и пред словенечката публика со изведба на сцената на Местно гледалишче Љубљана каде имаше извонреден прием.

Својата премиера „Мојот маж“ ја имаше во февруари 2020, а досега има 23 изведби.