35. Саем на книгата

Саемот на книга со богата седумдневна програма

20.04.2023 11:10

Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот саем на книгата во организација на Скопски саем и Глобал Медиа Груп, а поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија...

Уживањето во светот на секоја нова книга е уникатно чувство, а скоро секогаш за љубителите на читањето се категоризира како незаменливо. Но, доживувањето и искусувањето на секоја книга во рацете е нешто сосема уникатно и посебно, коешто не може целосно да се замени и спореди со читање на истиот наслов во аудио или електронски формат.

Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот саем на книгата во организација на Скопски саем и Глобал Медиа Груп, а поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Јубилејниот 35. Саем на книгата ќе се одржи од 4 до 10 мај 2023 година, во Арена-Борис Трајковски во Скопје.

„Современите технологии во ерата во којашто живееме, често се од големо значење и се повеќе имаат предност во секојдневната комуникација, образованието и формата на читањето и впивањето на информации. Тоа е една од најглавните причини зошто мораме да се потсетуваме постојано за давањето предност на пишаниот збор и книгата. Читањето е најздрава умствена исхрана, којашто не смее да се изостави од навиките на модерното секојдневие – особено кај помладите генерации. Затоа и 35. Меѓународен саем на книгата е важен настан кој со почеток на 4-ти мај, цели 7 дена ќе биде јадро и магнет на најдобрите домашни и странски наслови.

Секоја книга поседува свој универзум, а на читателите им преостанува само да се охрабрат и да ја свртат првата страница“ изјави Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем.