Судан

Цивилите масовно бегаат од Картум

20.04.2023 11:40

Се празни главниот град на Судан поради разгорените вооружени пресметки меѓу армијата и паравојската...

Договорот за примирје пропадна. Се празни главниот град на Судан поради разгорените вооружени пресметки меѓу армијата и паравојската. Илјадници цивили го напуштаат Картум, а се прават и обиди да дел од странските земји се обидуваат да ги евакуираат своите граѓани, поради жестоките борби меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ). Се зголемува и бројот на пријавени грабежи. И натаму нема вода и струја.

„Проблемот е голем, народот страда, во продавниците нема ни минерална вода. Бараме надлежните да направат нешто, полицијата да ни донесе цистерни со вода“.

За власт во Судан се борат паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемети, и армијата на чие чело е генералот Абдел Фатах ал-Бурхан.