МВР

ФРОНТЕКС – заеднички пристап во справување со предизвиците на илегални активности вдолж границата, во партнерство со ЕУ

20.04.2023 11:53

Република Северна Македонија е петтата држава надвор од Европската Унија која е домаќин на ваква заедничка операција, со прв потпишан договор во регионот на Западен Балкан согласно новиот, зајакнат мандат на ФРОНТЕКС...

Денеска во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ се одржа свечена церемонија по повод официјалното започнување на Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија.

Полициските службеници од Република Северна Македонија и ФРОНТЕКС – Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража и денеска Дупонт Лајтенс Илва ја почнуваат заедничка операција на македонско-грчката граница. Над 100 европски гранични полициски службеници ќе работат заедно со нашата гранична полиција на надгледување и проверки на границата, патролирање и собирање информации за прекуграничниот криминал.
Република Северна Македонија е петтата држава надвор од Европската Унија која е домаќин на ваква заедничка операција, со прв потпишан договор во регионот на Западен Балкан согласно новиот, зајакнат мандат на ФРОНТЕКС.
На свечената церемонија со свои обраќања зедоа учество претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како домаќин на церемонијата, ЕУ амбасасодот Дејвид Гир, членот на Европскиот парламент Лена Дупонт, извршниот директор на Фронтекс Ханс Лајтенс и со видеообраќање ЕУ комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон, но и други високи гости од Владата, дипломатскиот кор и европските институции.
Премиерот на Владата на Република Северна Македонија потенцираше дека овој настан е во духот на нашата цврста заложба и определба Република Северна Македонија, час поскоро да стане дел од пошироката европска заедница.
Операциите на ФРОНТЕКС првично ќе ја покриваат јужната граница со Република Грција. Подоцна е предвидено да се прошират така што се очекува да ги опфатат границите и со Република Србија и Република Албанија.
Полициските службеници од ФРОНТЕКС и од граничната полиција на Република Северна Македонија ќе учествуваат во заеднички тренинг активности за развој на капацитетите на гранична контрола преку размена на оперативни информации, професионално искуство и најдобри воспоставени практики, а ќе работат под команда и контрола на Граничната полиција на Република Северна Македонија.