Украина

Киев: Операцијата во Бахмут е контраофанзива

20.04.2023 11:57

Киев порача – операцијата во Авдејевка и Бахмут може да се сметаат за контраофанзива...

Киев порача – операцијата во Авдејевка и Бахмут може да се сметаат за контраофанзива. Руските сили тврдат дека противникот минирал згради со цивили, но украинската демантира.

Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила саботажа на енергетски објект во Керч на Крим. Вашингтон најавува нов пакет помош за Киев.

„На државно ниво се презема се за зголемување на способноста да се заштитиме и браниме од руските напади. Веќе имаме сериозни системи за воздухопловна одбрана и друго оружје за да го штитиме небото во Украина. Но треба да се помоќни, сигурен сум дека ќе бидат“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

ЕУ подготви уште 100 милиони евра надомест за земјоделците во земјите кои граничат со Украина.