Денот на Европа одбележан во САД

11.05.2014 16:17

Европа е место на различни култури и нации, вака европските дипломати им објаснуваат на Американците за значењето на Европската Унија и идејата за слободна и обединета Европа.

Традиционално Денот на Европа по 8 пат е обележан и во Вашингтон со отворање на европските амбасади за американските посетители. Интересот на Американците да посетат некоја од европските амбасади е голем. Европските амбасади се претставија во духот на слободна и обединета Европа.

„Основната порака е дека Европската Унија донесе мир и стабилност во Европа, и исто така и просперитет. Тоа им го кажуваме сите посетители„ - изјави Силвија Кофлер-портпарол на Канцеларијата на Европската Комисија во Вашингтон

За Американците Европа отсекогаш била атрактивно место за посета.

-„ЕУ е создадена од различни нации на континентот Европа. Овде сум да научам повеќе.„

-„Дојдов да ги видам амбасадите и да ги почувствувам поинаквите култури од европските земји. Да сретнам нови луѓе и да се забавувам.„

-„Бев на крстосување низ Западна Европа, во Барселона, во Рим во Италија, тие места.„

На денот на отворените амбасади од земјите членки на ЕУ, посетителите можат да ги видат симболите на Унијата, да добијат европски пасош со печати од посетените европски амбасади, да учествуваат во награден квиз, да вкусат храна и пијалоци, да ги проследат танците и музиката од европските држави, вклучувајќи и Евровизија во данската амбасада.

„По повод Денот на Европа, амбасади од 18 земји членки на Европската Унија ги отворија вратите за американските посетители.„

Ирина Гелевска