Јемен
Жртви во стампедо во Јемен
20.04.2023 12:06
Десетици лица загинаа во стампедо во Јемен кое почнало по истрели од огнено оружје и електрична експлозија на настан за дистрибуција на финансиска помош во главниот град...

Десетици лица загинаа во стампедо во Јемен кое почнало по истрели од огнено оружје и електрична експлозија на настан за дистрибуција на финансиска помош во главниот град.
Според сведоци, вооружените Хути пукале во воздух во обид да ја контролираат толпата, при што погодиле електрична жица и предизвикувале кратка експлозија.
Несреќата се случи во Стариот град во центарот на Сана пред муслиманскиот празник Еид ал-Фитр, кој го означува крајот на исламскиот свет месец Рамазан кон крајот на неделава оваа недела.
