Германија
Поради штрајк откажани над 700 летови во Германија
20.04.2023 12:15
Четири германски аеродроми ги откажаа сите полетувања поради дводневниот штрајк на вработените во безбедносната контрола...

Четири германски аеродроми ги откажаа сите полетувања поради дводневниот штрајк на вработените во безбедносната контрола.
Револтирани се од застојот во преговорите за бонусите за ноќна смена, работа во сабота, недела и на државни празници. Со одлуката се засегнати најмалку 100 илјади луѓе.
Според проценките, поради штрајковите на аеродромите во Дизелдорф, Хамбур, Келн и Бон ќе бидат откажанио 700 летови. Синдикатот на железницата и транспортот ЕВГ најави протест в петок.
