Скопје
Времен сообраќаен режим во петок и сабота во Центар, на улица Даме Груев
20.04.2023 12:16
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти...

Чуповски до улица Македонија ќе биде воведен времен режим на сообраќај во периодот од 8 ч. до 15 ч. поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот, односно машинско гребење на оштетениот асфалт на улицата Даме Груев.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
