Гевгелија

Двајцата возачи кои вчера беа фатени со мигранти кај Гевгелија, добија притвор за криумчарење

20.04.2023 12:53

Двајцата возачи кои вчера беа фатени со мигранти кај Гевгелија при што се случи инцидент – добија притвор за криумчарње. Јавното обвинителство ќе утврдува и дали има одговорност кај полицаецот од чиј пиштол настрада млада мигрантка при обидот да му биде одземен од страна на еден од возачите...

Возачите на патничките возила од Скопје кои беа дел од инцидентот во Гевгелија, каде почина млада мигрантка добија притвор. Тие се сомничат за криумчарење, бидејќи вчера од полициски службеници биле фатени како преземаат лица од паркинг просторот кај месноста Стара касарна.

Обвинителството ќе ја испитува и одговорноста на полицискиот службеник, од чиј пиштол настрада мигрантка. Како што информираат веќе бил отворен предмет и била издадена наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол. Дека се работи на расчистување на инцидентот потврди и министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Инцидентот се случи вчера, во раните утрински часови кога еден од возачите нападна полицаец и се обидел да му го одзеде службениот пиштол.

 

 

Ване Трајков