32 лица повредени во експлозија на бомба

11.05.2014 16:26

Најмалку 32 лица се повредени при експлозија на бомба  во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба. Во експлозијата нема загинати. Мотивите за инцидентот засега се непознати, но сторителот и е познат на полицијата. Тој неодамна бил пуштен од затвор.

Се работи за повреди од експлозија на ектремитетите и повреди на главата. Петмина од пациентите се на интензивна нега и се подготвуваат за операција. Бројот на повредени веројатно ќе расте бидејќи екипите од брза помош се уште носат повредени. - изјави Маја Хаџимехметиќ – портпарол на болница во БИХ