Франција
Железницата на Франција на штрајк
20.04.2023 13:37
Вработените палеа оган пред станиците во знак на револт кон пензиската реформа на претседателот Макрон...

Железницата на Франција на штрајк. Вработените палеа оган пред станиците во знак на револт кон пензиската реформа на претседателот Макрон.
Демонстрациите траат со недели. Французите не сакаат поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Главниот протестен собир е најавен за први мај. Реформата веќе помина во уставниот совет.
