Се продлабочува македонско-српската туристичка соработка
Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија го промовира винскиот пат воедно и туризам, а Србија бањскиот. Околу 400.000 македонски туристи ја посетиле Србија минатата година. Додека па од 70 до 80.000 српски туристи минатата година ја посетиле Македонија...

Македонско-српската туристичка соработка има долга традиција. Но, туристичките работници постојано ја надградуваат со промоција на нови туристички места покрај веќе познатите. Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија го промовира винскиот пат воедно и туризам, а Србија бањскиот.
Туристичката понуда на Србија е разнолика. Од културно-историско наследство, преубава природа, гастрономија, СПА активен одмор, манифестации, вели Лабовиќ директорката на туристичката организација на Србија.
„Денеска се собравме да помогнеме туризмот помеѓу двете земји да биде уште подобар и поуспешен. Колку за нас ова значајно покажува и фактот дека туристите од Северна Македонија се во топ пет странски туристи во Србија. А оваа година се на второто место по бројот на ноќевања“, изјави Марија Лабовиќ, директорка на туристичка организација на Србија.
Околу 400.000 македонски туристи ја посетиле Србија минатата година. Додека па од 70 до 80.000 српски туристи минатата година ја посетиле Македонија.
Александра Велинова
