Рукола-природен чистач на крвта
Руколата лекува многу болести, а најмногу се применува за лечење срце и како антиканцерогено средство. Таа претставува природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување чирови, хронични констипации, проблеми со кашлањето, настинки, остеопороза и слични заболувања...

Руколата е ароматично растение кое, поради својот вкус, им дава посебен вкус на салатите и поволно делува на здравјето. Изобилува со лековити својства. За неа многумина велат дека лекува, подмладува и ги топи килограмите.
Листот од рукола е исклучително богат со витамини, па затоа и сè повеќе луѓе ја одгледуваат. Не ѝ треба посебна нега, што е дополнителен плус. Добро поднесува високи температури и не бара премногу сончева светлина, отпорна е на температури под нулата.
Благодарение на изобилството на антиоксиданти, овој зеленчук помага во зајакнување на функциите на мозокот, го подобрува метаболизмот и го зајакнува имунитетот.
Руколата содржи високо ниво на фолна киселина и антиоксиданси, како што се витамините Ц, К и А, па затоа успешно се бори против слободни радикали. Содржи минерали како што се калиум, манган, железо и калциум, а сите тие се корисни и потребни елементи во човечката исхрана.
Руколата лекува многу болести, а најмногу се применува за лечење срце и како антиканцерогено средство. Таа претставува природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување чирови, хронични констипации, проблеми со кашлањето, настинки, остеопороза.
Руколата е корисна бидејќи ја прочистува крвта, го поттикнува лекувањето на болести на црниот дроб и ја намалува можноста за појава на канцер, особено рак на дојка и на бели дробови.
Има уште една многу важна примена, а тоа е слабеење и симнување вишок килограми. Се препорачува и за дијабетичари. Благодарение на нејзините својства, ги симнува дури и најупорните масни наслаги на стомакот.
Редовното консумирање рукола, ја подобрува состојбата на коските и на забите. Исто така, со внесување рукола во организмот, се подобрува крвната слика, се решаваат проблемите со високиот крвен притисок, шеќерот и варењето.
Руколата се користи во исхраната најчесто во форма на салата, сварена, но и пасирана има многу убав вкус. Најдобро е да се јаде веднаш по берењето, бидејќи доколку стои подолг период, го губи витаминот Ц.
На пазарите ја има од мај до октомври а листовите на руколата треба да бидат свежи и со темнозелена боја.
