Отфрлени амандманите на законските измени
Одново за контроверзниот проект. Отфрлени се амандманите на измените во Законот за минерални суровини кои ги предложија група пратеници од владејачкото мнозинство во Комисијата за економски прашања...

Отфрлени се амандманите на измените во Законот за минерални суровини кои ги предложија група пратеници од владејачкото мнозинство во Комисијата за економски прашања.
Амандманите предвидуваа да останат постоечките законски решенија кои се однесуваат и за градење на коридорите 8 и 10-Д за четири автопатишта кои треба да ги изведува групацијата „Бехтел и Енка“.
Пратениците од владејачкото мнозинство инсистираа во измените да се воспостават кратки рокови за добивање концесии за експлоатација на минерални суровини и за геолошките истражувања.
Измените во Законот за работни односи се блокирани во Комисијата за труд и социјална политика со над илјада амандмани. Измените на Законот за културно наследство поврзан со проектот беше повлечен од Собранието.
Игор Панов
