ин мемориам

Почина протојереј – ставрофор проф. д-р Јован Таковски

20.04.2023 19:53

Добитник е на Златен медал „Св. Климент Охридски“ на највисоко државно ниво за неговиот живот и дело...

На 82 годишна возраст по кратко боледување, денес во Скопје почина проф. д-р Јован Таковски, протојереј-ставрофор, декан на Богословскиот факултет во пензија. Добитник е на Златен медал „Св. Климент Охридски“ на највисоко државно ниво за неговиот живот и дело.

Опелото ќе се одржи утре во 11 часот во Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“.