влада

Ковачевски-Нехамер: Партнерскиот однос и поддршката од Австрија се важни за позиционирање на РС Македонија во ЕУ

20.04.2023 22:30

Ковачевски ја истакна поддршката на земјата и секторската соработка на повеќе нивоа. Потенцираше дека меѓу Северна Македонија и Австрија не постојат отворени билатерални прашања, а фокусот на двете земји е во јакнењето на соработката во сите области...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Виена каде е во работна посета, ги потенцираше заложбите на Австрија во евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Ковачевски ја истакна поддршката на земјата и секторската соработка на повеќе нивоа. Потенцираше дека меѓу Северна Македонија и Австрија не постојат отворени билатерални прашања, а фокусот на двете земји е во јакнењето на соработката во сите области.

Премиерот истакна дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во Северна Македонија, со инвестиции од над 900 милиони евра до 2022 година. Околу 50 австриски компании се присутни на пазарот во Северна Македонија во повеќе области.