Наставни програми од Кембриџ
Наместо само од книги , основците ќе ги учат лекциите по математика и природните науки преку реални ситуации и повеќе ќе истражуваат .Ова се само дел од придобивките од воведувањето на Кембриџ наставната програма во македонското образование, вели за МРТ, Алан Крос дел од експертскиот тим од Британија кој минатата недела ја помина во обиколка на голем број на основните училишта низ земјава .Оценува дека Македонија има одлични наставни програми , а Кембриџ само ќе придонесе за нивно усовршување .

Со почетокот на новата школска година , по Кемриџ програмата ќе учат основците од 1до 3 одделние , ќе бидат изработени нови учебници кои ќе бидат бесплатни .Експертите од Британија ќе имаат задача да ги обучат наставниците и да им го пренесат своето знаење , за се да биде подготвено до септември . - изјави Алан Крос
За дел од наставниците ова претставува вистински предизвик и можност да ги усовршат своите вештини и знаења. - изјави Алан Крос
Од следната година и учениците од 4-6 одделение ќе учат по Кембриџ наставните програми , а за две години и основците од 7-9 одделение . Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ е еден од најголемиот светски провајдер на образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и во над 9000 училишта.