социјала

Младите жртви на социјалните медиуми

20.04.2023 20:24

Со што се соочува денешната младина, пред какви предизвици се исправени. Повеќе се користат мобилните телефони од колку што се комуницира меѓусебе. Милуваат адреналин, возење со над 200 км/ч, се ризикува без потреба. Стручњаците предупредуваат на опасноста од темната страна на социјалните мрежи...

Младите спијат со вклучени мобилни телефони од страв дека ќе бидат отфрлени ако не ги следат случувањата, како и објавите во нивните групи. Возење над 200 километри на час, трчање преку пруга, како да се претрча пред возило во движење, се дел од предизвиците на младите луѓе, да ги снимат и објават, иако се опасни по живот. Крајно е време да се реагира.

Но освен младите кои по секоја цена сакаат да се различни, популарни и возрасните не можат да одолеат на популарноста. Лекар анестезиолог од Тетово во живо објавуваше дел од атмосферата на гинеколошкото одделение.

Треба да работиме на колективниот морал врз кој ќе се градат младите и да покажеме и дека во државава поставуваме етички норми кон кои треба да се стремиме.

 

Наташа Јанчиќ Менковски