Суданските паравоени сили за брза поддршка се согласиле на 72-часовен прекин на огнот
Суданските паравоени сили за брза поддршка соопштија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини. Десетици илјади луѓе се во бегство, Обединетите нации повикаа на воспоставување хуманитарни коридори.

Суданските паравоени сили за брза поддршка соопштија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини. Десетици илјади луѓе се во бегство, Обединетите нации повикаа на воспоставување хуманитарни коридори. Од Пентагон велат дека се подготвени за можна евакуација на персоналот на американската амбасада во пресрет на интензивните борби меѓу двете завојувани фракции во Судан, велат од Белата Куќа.
„Нема индикации дека која било страна се обидува да повреди, или цели на Американци. Вистина е дека некои наши возила беа под оган, но не е јасно дека луѓето што пукаа во нив знаеја дека станува збор за американски конвој. Сакаме насилството да престане. Сакаме цивилните власти да седнат да преговараат за да може народот на Судан да има мирна иднина“, изјави Џон Кирби-портпарол на Советот за национална безбедност на САД.
Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, главниот командант на суданската војска, вчера изјави дека ги прекинува политичките преговори со поранешниот сојузник паравоените Сили за брза помош во Судан каде што веќе шест дена беснеат судирите.
