Русите по грешка бомбардирале свој град
Руски воен авион случајно истрелал проектил кон рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради...

Русите признаа дека по грешка бомбардирале свој град. Руски воен авион случајно истрелал проектил кон рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради. На фронтот, жестоки битки во Бахмут. Данска и Холандија планираат заеднички да испратат 14 тенкови „Леопард“ 2А4 во Киев. Современите тенкови нема да се испраќаат од нивните залихи, туку ќе бидат купени од германската индустрија, реновирани и донирани на Украина. Двете држави ја обелоденија нивата испорака пред денешниот состанок во Германија за координирање на испораката на оружје за Украина.
