Вучиќ: Денот на изборите во Приштина ќе биде ужасен ден за демократијата и српскиот народ
Недела, кога во Приштина ќе се одржат избори на северот на Косово, на кои Србите нема да учествуваат, ќе биде ужасен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, вели српскиот претседател Вучиќ. Изборите на 23 април, на 19 избирачки места во општините Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби...

Недела, кога во Приштина ќе се одржат избори на северот на Косово, на кои Србите нема да учествуваат, ќе биде ужасен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, вели српскиот претседател Вучиќ. Изборите на 23 април, на 19 избирачки места во општините Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби, првично беа закажани за 18 декември минатата година, но беа одложени по барање на меѓународната заедница.
Во однос на нормализација на односите Белград-Приштина, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, очекува конкретен предлог од владата на Косово за заедницата на српските општини до 2 мај кога лидерите на Косово и на Србија ќе се сретнат во Брисел.
