Филмот “Атомски од десно” во скопските киносали
Филмот што на големото платно ги обедини државите од поранешната Југославија, „Атомски од десно“на режисерот Срѓан Драгоевиќ, од вчера е на репертоарот во скопските киносали. Приказната за капитализмот на нашите простори и неговото влијание врз нашите животи, имаше премиера на 8 април и веќе се прикажува во српските и во хрватските киносали.
Драгоевиќ ја следи приказната на група издавачи на станови кои се користат на определено време. Филмот е трагикомедија што зборува за разорните последици на „домашниот“ див капитализам на животот на обичниот човек.

Драгоевиќ, е еден од најплодните српски режисери во последните две децении. Негови дела се „Ние не сме ангели“ (1992), „Убавите села убаво горат“, „Св.Ѓорѓија ја убива ламјата“, „Парада“ во кој и Македонија беше копродуцент. Актерите велат дека е задоволство да се соработува со него.
Меѓу плејадата актери од регионот, важна улога има и нашата актерка Ана Kостовска. Таа ја толкува Македонката Олга Kостовска и е презадоволна од соработката и од можноста да работи со Драгоевиќ.
Александра Перевска