Штип

Дигитални услуги во општините во источниот регион

21.04.2023 12:35

Побрзи административни услуги за граѓаните, поефикасна општинска администрација и јакнење на меѓуопштинската соработка. Ова се очекуваните ефекти од дигитализацијата на сите единаесет општини од источниот регион...

Со три милиони денари од УНДП и Бирото за регионален развој, сите единаесет општини од источниот регион извршија дигитализација на општинските услуги. Вмрежени на заедничка платформа, поголемите општини ќе обезбедуваат ИТ услуги на помалите.

За сега по електронски пат граѓаните ќе добиваат услуги од областа на урбанизмот, комуналните услуги, граѓански иницијативи и барања за финансиска помош. Дигитализацијата ќе придонесе и за поефикасна работа на општинските служби.

Со дигитализацијата на општините се олеснува пристапот на околу 200 илјади граѓани и компании од регионот до општинските услуги. Европските искуства се дека на овој начин се зајакнува и меѓуопштинската соработка.

 

Славица Величковска