МВР
Претрес во Скопје, приведен дилер
21.04.2023 11:46
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(49) од Скопје. При претрес во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана...

Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(49) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
