Велика Британија

Британскиот вицепремиер Доминик Раб поднесе оставка

21.04.2023 12:17

Вицепремиерот и министер за правда на Велика Британија, Доминик Раб поднесе оставка по независна истрага за неговото однесување и наводите за малтретирање на сегашни и поранешни членови на персоналот...

Вицепремиерот и министер за правда на Велика Британија, Доминик Раб поднесе оставка по независна истрага за неговото однесување и наводите за малтретирање на сегашни и поранешни членови на персоналот за време на неговиот мандат во Владата.

Во писмото до премиерот Риши Сунак, Раб рече дека истрагата направила опасен преседан, но дека тој ќе продолжи да ја поддржува Владата.