Лустрациска го отвора досието ,,Ченто“
29.11.2013 14:22
Лустраторите го отворија досието „Ченто“

Со проверката на личните податоци се опфатени 24 лица-судии,удбаши,соработници на тајните служби,инволвирани во процесот за првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.Целта не е преоценување на одлуката на врховниот суд со која ченто во 90-тата беше рехабилитиран,велат од лустрација.Членот на лустрациска Дамјановски не се согласува со ваквата одлука на мнозинството,бидејќи не може да се лустрираат поранешни функционери и починати.Случајот со ченто е чист,вели Дамјановски,бидејќи судската пресуда од 1946 година врховниот суд ја поништи,а Ченто во 90-тата беше рехабилитиран.Лустраторите ќе ги чешлаат и архивите од Президиумот на АСНОМ, за да се утврди кој и како издал наредба да се осуди Ченто.
