Нови инфраструктурни проекти

11.05.2014 16:43

Нови градски улици и локални патишта ќе придонесат за позабрзан економски развој на Пробиштип. Истовремено ќе ја олеснат комуникацијата на населението. Вицепремиерот Ставревски посети дел од нив

Со половина милион евра, пари обезбедени од Министеството за финансии и Светска банка, во Пробиштип започна реконструкцијата на улицата „Јаким Стојков“:

„Согласно проекцијата и предвидениот рок за реализација на активностите започнува реконструкцијата на оваа улица.  Станува збор за еден крупен инфраструктурен проект со кои 16.000 жители на Пробиштип ќе добијат модерна улица  и ќе можат на тој начин да ги извршуваат секојдневните активности.- изјави Зоран Ставревски, министер за финансии:

Вкупно ќе се реконструираат 1,5 километри со нов асфалт, тротоари, а ќе бидат поставени и нови канделабри. Градежните активности треба да завршат за шест месеци:

„ Заедно со изведувачот се надеваме дека ќе успееме работите да ги завршиме и во пократок рок.“- изјава Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип

„Јаким Стојков“ е адреса на најзначајните општински и државни институции во Пробиштип, а кон неа гравитираат уште 14 други споредни улички. Оттука,  нејзината реконструкција им значи на многумина:

-„ Јас живем на оваа улица , добро е што се реконструира.“

-„Секоја инвестиција во инфраструктурата е добра. “

- „Се направија околните улички , сега ќе биде и ова“

Присуството во Пробиштип, министерот за финансии Ставревски го искористи и за посета на селото Добрево каде заврши изгрдабата на пат со должина од 1 километар. Инвестицијата е со вредност од 11 милиони денари, а парите се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

 

Оливера Жежова