Прилеп

На голем или источен петок на манастирот „Свети Архангел Михаил“

21.04.2023 13:43

Голем или источен петок, прв по Велигден е денот на лековитите води. Еден извор е под манастирот „Свети Архангел Михаил“ под Марковите кули во Прилеп, бројни верници дојдоа на манастир за здравје, но и на гости во најстарата прилепска населба Варош...

На голем или источен петок, прв по Велигден, стотици верници од Прилеп и од Македонија се на манастирот „Свети Архангел Михаил“. Да се помолат, да налеат од лековитата вода што извира под Манастирот, да си посакаат здравје.

И жителите на Варош, најстарата прилепска населба со 77 цркви, ширум ги отворија портите – секој е добредојден на нивниот најголем празник. Вековен е. Им доаѓале гости и од цел Балкан, зашто тука биле најголемите панаѓури и патишта што се вкрстувале од Исток и Запад.

Манастирот од 12 век е заштитено културно наследство.

 

Елизабета Митреска