Гевгелија

Претпладнево повторно гужви на ГП „Богородица“

21.04.2023 13:52

Претпладнево повторно метеж на граничниот премин Богородица. МВР соопшти дека се чекало и до половина час а државата ја напуштил околу четири илјади македонски патници кои заради продолжениот празничен викенд се упатиле кон соседна Грција...

Исто како и пред седум дена, поради продолжениот празничен викенд, претпладнево на ГП „Богородица“, на македонско грчката граница, повторно се создадоа метеж од моторни возила со патници кои заминаа за соседна Грција. Како што соопштија од МВР, заради гужвите биле ставени во функција речиси сите гранични ленти, а за излез се чекало и до половина час.

Според портпаролот Гоце Андреевски, до пладне низ овој граничен премин за последните 24 часа, поминале околу 8.700 патници, од кои околу 5 илјади биле македонски државјани. Според Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

 

Ване Трајков