Виена

Ковачевски: Потребно е единство за евроинтеграциите

21.04.2023 14:40

Прогресивните сили во Македонија ги носат најтешките одлуки за европската иднина на земјата. Потребно е единство за евроинтеграциите, истакна премиерот Ковачевски. Одржа предавање на дипломатската академија во Виена на тема „Почеток на пристапни преговори со северна Македонија – Нова динамика во проширувањето на ЕУ“...

Во Македонија има два политички блока, првиот проевропски на чело со СДСМ и ДУИ, а вториот антиевропски предводен од опозицијата. Нам ни гори под нозете, но факт е дека може да се случи блокирањето на европскиот процес да се случи одвнатре, рече Ковачевски во Виена. Повикувајќи на единство на партиите во земјата, премиерот сепак важноста на интеграцијата во земјава заснована на уставните измени.

Премиерот Ковачевски нагласи дека трети земји, а посебно ја посочи Русија финансирала политички партии, аналитичари и инфлуенсери со цел да го попречат напредокот на Македонија кон евроинтегративните процеси.

Владата му дава приоритет на Берлинскиот процес, но Отворениот Балкан е изворна иницијатива на три земји од Западниот Балкан поради економски причини, рече Ковачевски. Тој потсети дека пред триесет години во Европа немало граници единствено на балканскиот простор, сега состојбата е спротивна, иако Светска Банка соопшти дека околу 70 насто од транспортот е во застој поради граничните бариери.

 

 

Игор Панов