Здравство

Нов сој омикрон „Арктурс“, не е опасен и е со лесни симптоми

21.04.2023 15:11

Лесни симптоми кои поминуваат за краток период. Подвидот на сојот омикрон, „Арктурус“ не е опасен, вели епидемиологот Олумчев. Според него, не се потреби дополнителни мерки за заштита. Во Словенија, пак, поради „Аркурус“, властите поведоа носење заштитни маски...

Новиот подсој на омикрон „Арктурс“ е регистриран во регионот, но кај нас сè уште не е потврден. Оваа варијанта предизвикува со исип по телото, висока температура и конјунктивитис или црвени очи кои чешаат. Епидемиологот Сашо Олумчев вели вирусот не е опасен, вирусот брзо се шири, но поминува за краток период со лесни симптоми. Дополнителни мерки за заштита не се потребни, иако очекувањата се дека бројот на заболени ќе се зголемува со летните одмори.

„Само излечлива болест е трае многу, трае неколку дена така да не треба да се преземаат дополнителни мерки, дури не треба да се тестираат децата или возрасните доколку не се работи за дечиња кои имаат хронично респираторни заболувања или повозрасни заболувања кои намален имунитет па евентуално би требало да се докаже вирусот за да може да се даде антивирусна терапија“, изјави д-р Сашо Олумчев – епидемиолог.

Солиден колективен имунитет доведува до мутација на вирусите – додава доктор Олумчев. Тоа е нормален тек на еволуцијата на една пандемија и во иднина ќе биде присутен и ќе циркулира заедно со есенските и зимските вируси.

„Дека ќе имаме и понатаму појава на нови подсоеви, да секако дека ќе имаме, тоа треба да ни биде очекувано, бидејќи тоа е показател дека сме создале добар колективен имунитет и затоа вирусот постојано мутира“, додаде д-р Сашо Олумчев.

Во Словенија поради „Аркурус“, властите воведоа носење на заштитни маски. Сојот го има во најмалку 24 земји. Во Индија дневно има и по 3.000 нови случаи. Забрзано се шири во САД и во Азија, но и на европскиот континент.

 

Андријана Ѓурческа