Виртуозот Иво Погорелиќ во Македонска филхамонија
Светски познатиот пијанист Иво Погорелиќ со оркестарот „Ајга“ под диригентската палка на Ана Спасовска ќе одржат концерт во Македонската филхармонија. Љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во спектакуларната изведба на легендарните дела од познати композитори...

Mакедонската публика одбројува до настапот на светски познатиот пијанист Иво Погорелиќ во среда во Македонската филхармонија. Погорелиќ, според многумина, ја одбележи класичната музичка сцена на нашето време, а неговите евокативни интерпретации со префинет музички вкус, поставуваат нови стандарди во пијанистичките интерпретации.
На концертот ќе учествува камерниот оркестар „Ајга“, предводен од диригентка Ана Спасовска. По дебито во њујоршкиот Карнеги хол во 1981 година, Погорелиќ станува солист со најпознатите светски оркестри. Неговата дискографија денес се состои од 16 албуми и 3 видеа со интерпретации од различни епохи. Погорелиќ е и основач на својата фондација за помагање млади музички таленти во Хрватска.
Марија Котовска
