Зголемен имотот на општината
Општина Велес го зголемува сопствениот имот. Во владение префрли неколку големи објекти со што ја зголемува и шансата за кредитно задолжување за капитални проекти. Најнов објект е поранешната зграда на синдикатот
Наскоро на имотниот лист на општина Велес ќе биде впишана и таканаречената здрада на Синдикатот. Локалната власт прави планови што со него.Засега извесно е дека тука ќе биде сместено новото кино.
„Таа е сопственост веќе на општина Велес, по завршување на сите процедури ќе с еобјави начинот на нејзиното користење, ќе се објави начинот на нејзиното менаџирање“,рече Славчо Чадиев
Добивањето на сопственоста над оваа деловна зграда за Општината има огромен економски бенефит. Првичната проценка на објектот говори дека неговата вредност надминува над еден милион евра.
Економистите сметаат дека добивањето во владение на овој простор го зголемува кредибилитетот на Општината кај можните домашни и странски инвеститори но и комерцијалните банки за добивање на кредит.
До момнтот на впишување на оваа деловна зграда во имотниот лист на Општината, неа стопанисува ССМ Велес. За докажување на сопственоста скоро една деценија Општината и синдикатот водеа судски спор. Во последните 12 месеци значително е зголемена имотната состојба на општината која успеа да го поврати во свое владение, Офицерскиот дом, поранешние мензи за резевните офицери на ЈНА, Градскиот стадион, и просторот кој некогаш го користеше невладината Вавилов.
Дијана Иванова
