Шангај

Лантинг форум во Шангај: Кинеската модернизација и светот

21.04.2023 16:28

Темата на форумот Лантинг е „Кинеската модернизација и светот“. Претставници на кинеската Влада, бизнис заедницата, академијата и меѓународните организации во Кина, низ три панел дискусии дебатираа за идниот развој на Кина, поставувајќи ја пред себе задачата за унапредување и развој на економијата преку подмладувањето на кинеската нација на сите фронтови, благодарение на зацртаниот кинескиот пат за модернизација на земјата...

„Модернизацијата не треба да ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни. Ниту, пак, треба да им служи на интересите на само неколку земји или поединци“, истакна во воведниот говор министерот за надворешни работи на Народна Република Кина, Чин Ганг, на церемонијата на отворањето на Лантинг форумот во Шангај.

Темата на форумот Лантинг е „Кинеската модернизација и светот“. Претставници на кинеската влада, бизнис заедницата, академијата и меѓународните организации во Кина, низ три панел дискусии дебатираа за идниот развој на Кина, поставувајќи ја пред себе задачата за унапредување и развој на економијата преку подмладувањето на кинеската нација на сите фронтови, благодарение на зацртаниот кинескиот пат за модернизација на земјата.

„Во текот на изминатите 100 години и повеќе, Кина го пронајде патот кон модернизација и создаде нова форма на човечко напредување“, истакна Ганг. „Многубројните факти докажаа дека не постои фиксен модел или единствено решение за модернизација. Секоја земја може да постигне модернизација, сè додека патеката одговара на нејзините услови и одговара на потребата на нејзиниот народ за развој. Додека, механичкото копирање на неопределени странски модели е контрапродуктивно, па дури и може да доведе до катастрофални последици.“ – поентираше Ганг.

Тој рече дека модернизацијата на Кина ќе биде силен поттик за глобалното економско закрепнување, ќе отвори поширок пат кон заедничкиот развој на сите земји, ќе отвори светли перспективи за човечкиот напредок, ќе обезбеди поодржлив пат кон чист и поубав свет и ќе донесе поголема сигурност во одржување на светскиот мир и поредок.

Кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Чин Ганг за време на Лантинг форумот, се сретна со Дилма Русев, претседателката на Новата развојна банка и поранешна претседателка на Бразил. На средбата Чин изрази надеж и уверување дека Новата развојна банка (НДБ) ќе го земе предвид гласот на земјите во развој, ќе ја одигра својата улога како мултилатерална финансиска институција за развој и ќе земе активно учество во соработката на Иницијативата за глобален развој.

Меѓу другите говорници на Форумот Лантинг беше токму поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русев и министерот за надворешни работи на Гамбија, Мамаду Тангара.

„Во стремежот за модернизација, една земја треба да следи одредени општи обрасци. Уште поважно, таа треба да тргне од сопствената реалност и да развива свои карактеристики … Сега градиме силна земја и го унапредуваме националното подмладување на сите фронтови преку кинескиот пат кон модернизација“. – истакна во испратената честитка до Форумот, кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Покрај трите панел сесии се одржа и „деловен ручек“ – средба од полуотворен вид, која промовираше длабинска размена на теми, вклучувајќи го новиот развој на Кина, подобрување на глобалното владеење, како и поблиска размена меѓу луѓето.

Форумот е заеднички организиран од Кинеската асоцијација за јавна дипломатија, Кинескиот народен институт за надворешни работи и Општинската народна Влада на Шангај. На форумот учествуваа претставници на влади, експерти – аналитичари, а истиот беше проследен од голем број медиуми од речиси 80 земји во светот.

 

Диме Ратајкоски