JП за државни патишта: Работната сила за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе се изврши согласно со постоечкиот закон
Јавното претпријатие за државни патишта соопштува дека работната сила за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе се изврши согласно со постоечкиот закон донесен за стратешкиот партнер во 2021 година.

Jавното претпријатие за државни патишта соопштува дека работната сила за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе се изврши согласно со постоечкиот закон донесен за стратешкиот партнер во 2021 година. Според законската обврска се вели во соопштението изведувачот мора да користи најмалку 51 насто работници, македонски државјани. Договорите кои се во надлежност на Јавното претпријатие имаат назнака доверливост поради технологиите на работа и моделите на управување на фирмата, но и поради заштита од конкуренцијата, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.
