Германија
Штрајкуваат неколку аеродроми и железницата во Германија
21.04.2023 16:15
Дводневен штрајк на четири аеродроми во Германија. Обезбедувањето бара повисоки плати, од изутрина не сообраќаат ниту возовите...

Дводневен штрајк на четири аеродроми во Германија. Обезбедувањето бара повисоки плати, од изутрина не сообраќаат ниту возовите. Вработените во железницата бараат зголемување на платите за 12 проценти, управата на Дојче бан нуди 5 проценти.
И по завршување на штрајкот, најавени се големи ограничувања во меѓуградскиот и регионалниот железнички сообраќај.
