Претставата „Инферно“ на велешки театар хит меѓу гледачите
Првата соработка на режисерот Пројковски со велешки театар понуди претстава за која се бара билет повеќе. Пеколот на Данте раскажан во два часа е предизвик и за актерите и за публиката, која доаѓа во Велес и од регионот...

И по шест месеци од премиерата, претставата „Инферно“ се игра пред полна сала, распродадени билети. Таа е вистинска мамка за гледачите. Но не доаѓаат само од Велес, Македонија, туку и од регионот. Режисер на претставата е Дејан Пројкоски, кому ова му беше прва соработка со велешки театар.
За претставата имаше бројни позитивни текстови, во реномирани регионални медиуми, чии автори дојдоа специјално во Велес да ја гледаат „Инферно“. Главната ролја е на Исидор Јовановски. Претставата е работена по „Пеколот“ на Данте Алигиери. Во неа настапува и Васил Зафирчев.
Поради сложеноста на претставата и на сцената, таа се игра само по две претстави во месецот. Веќе има покани за гостување во Белград, Софија и Пловдив.
Петар Печков
