Судан

Стејт департментот ги обнови повиците за прекин на огнот во Судан

22.04.2023 09:09

Стејт департментот ги обнови повиците за прекин на огнот во Судан. САД развиваат опции за помош и евентуалната евакуација на персоналот на американската амбасада. Во тек е 72-часовното примирје меѓу завојуваните страни...

Стејт департментот ги обнови повиците за прекин на огнот во Судан. САД развиваат опции за помош и евентуалната евакуација на персоналот на американската амбасада. Во тек е 72-часовното примирје меѓу завојуваните страни.

„Ги повикуваме Суданска армија и Силите за поддршка да овозможат безбеден и непречен пристап на хуманитарните агенции и нивните работници и да го поддржат суданскиот народ. Важно е суданските медицински работници да пристапат до болниците и да добијат витални медицински материјали, а цивилите да пристапат до реурси“, изјави Ведант Пател-заменик портпарол на Стејт Департментот.

Се проценува дека околу 16.000 државјани на САД се регистрирани во Амбасадата во Картум. Стејт департментот предупреди, дека таа бројка веројатно е неточна затоа што нема услов за Американците да се регистрираат ниту пак има услов да ја известат амбасадата кога ќе ја напуштат.