Косово

Утре на северот на Косово ќе се одржат вонредни локални избори

22.04.2023 09:16

Утре на северот на Косово се одржуваат вонредни локални избори во општините Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби. Се гласа на 19 избирачки места...

Утре на северот на Косово се одржуваат вонредни локални избори во општините Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби. Се гласа на 19 избирачки места. Изборите првично беа закажани за 18 декември минатата година, но беа одложени по барање на меѓународната заедница.

Вонредните локални избори ќе ги обезбедува косовската полиција. КФОР ќе ја следи состојбата, а единиците се подготвени за секое можно сценарио. Од српскиот државен врв велат дека изборите на кои Србите нема да учествуваат, се последниот самрак за демократијата.