ЈО

Пријава за анестезиологот во Тетово што снимаше пациенти

22.04.2023 09:44

Тетовското обвинителство до Судот поднесе обвинителен предлог против анестезиологот во тетовската болница за несовесно работење и неовластено снимање пациенти...

Тетовското обвинителство до Судот поднесе обвинителен предлог против анестезиологот во тетовската болница за несовесно работење и неовластено снимање пациенти. Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице-анестезиолог вработен во Клиничката болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права, соопштуваат од обвинителството. Јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Анестезиологот претходно доби отказ, а лекарската комора предлага одземање на лиценцата.