Зеленски: Го следиме состанокот во воздухопловната база во Германија
Украинскиот претседател Зеленски вели дека со неговиот персонал внимателно го следат состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија...

Украинскиот претседател Зеленски вели дека со неговиот персонал внимателно го следат состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, објави дека Вашингтон ќе започне со обука на украинските сили за употреба и одржување на тенковите Абрамс. Во меѓувреме, Германија потпиша меморандум за разбирање со Полска и Украина за да се формира центар за одржување на киевскиот тенк „Леопард 2“ во Полска, во близина на украинската граница.
„Внимателно го анализираме текот на непријателствата, најжешките и сите потенцијално опасни области. Првата линија е приоритет број еден. Исто така, активно подготвуваме нови бригади и единици кои ќе се покажат на фронтот“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
Руската државна телевизија објави снимка од руски војници за кои се вели, дека се на бојното поле на украинската територија Бахмут. Руското Министерство за одбрана соопшти дека единиците се борат за контрола на западниот дел на градот.
