Чиле

Чиле најавува национализација на индрустијата на литиум

22.04.2023 10:10

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ објави план со кој бара од приватните компании да станат партнер со Владата во екстракцијата на литиум, кој е многу баран ширум светот за употреба во електрични батерии...

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ објави план со кој бара од приватните компании да станат партнер со Владата во екстракцијата на литиум, кој е многу баран ширум светот за употреба во електрични батерии. За формирање на Национална компанија за литиум во партнерство со приватни компании ќе биде потребна поддршка од апсолутното мнозинство во Конгресот. Според геолошкиот институт на САД, Чиле е трета по резерви на литиум во светот, зад Боливија и Аргентина. Оваа јужноамериканска земја беше втор по големина светски производител минатата година, по Австралија.