Инфраструктура

Денес почнува реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“

22.04.2023 10:40

Почнува реализацијата на договорот со компаниите „Бехтел и Енка“, за изградба на коридорите 8 и 10-д. Сепак, без градежни машини, само со геодетски снимања и мерења...

Почнува реализацијата на договорот со компаниите „Бехтел и Енка“, за изградба на коридорите 8 и 10-д. Сепак, без градежни машини, само со геодетски снимања и мерења. Предлог законите сè уште се во собраниска процедура, нема информација од Владата и Министерството за транспорт, од каде ќе почне изградбата на делниците.

Од илинденска соопштија дека покрај на обвинителството, договорот со американско-турскиот конзорциум ќе го презентира и на пратениците што имаат безбедносен сертификат, бидејќи договорот е класифициран како тајна. Според најавите од надлежните, се очекува вистинските градежни работи на делниците треба да почнат за три недели, односно на 12-ти мај.